Ракометарката на Вардар, Драгана Цвијиќ смета дека на гостувањето кај Ференцварош македонскиот шампион ќе ја види вистинската слика за моменталната форма.
Вардарки во сабота ќе го имаат најтешкиот предизвик во Лигата на шампионите оваа сезона досега. Му гостуваат на Ференцварош кој во групната фаза има пораз само од Вардар во Скопје со 34:31.
По тој меч, Ференцварош реди само победи, а последната беше во домашното првенство над силниот Ѓер.
Цвијиќ верува дека токму натпревар со ваков противник ќе ја покаже реалната слика на формата на Вардар кој досега не знае за ништо друго освен победа.
„Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим. Првиот меч во Скопје не е вистинскa слика. Тие потоа ја подобрија формата и одиграа еден одличен натпревар со Ѓер. Сигурно дека таа емоција уште ги носи. Ќе биде тешко, навивање на трибините и полна сала. Драго ми е што имаме ваков меч, тој ќе покаже каде сме со формата. Ако добро одговориме на оваа задача ќе знаеме дека сме подготвени за високи дострели, смета Драгана Цвијиќ.
Вардар за овој натпревар нема да може да смета на повредените Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска.
Дуелот со Ференцварош се игра во сабота со почеток од 13:30.