Есенски базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“се одржува од денеска до 14 ноември на две локации во општина Бутел
Есенски базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“се одржува од денеска до 14 ноември на две локации во општина Бутел, во организација на Здружението на уметници и ракотворци АРТИ КРАФТ од Скопје.
Според најавата, денеска и утре од 10 до 18 часот ќе бидат изложени ракотворби од базарот во дворот на црквата „Св. Спас“, а на 13 и 14 пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, спроти административната зграда на општина Бутел.
Ќе бидат претставени дела на занаетчии ракотворци од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Турција, Албанија, Бугарија и Грција.
Покровител на есенскиот базар е градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Ова е прв есенски базар во општина Бутел по повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември.