На денешното отварање на настанот организиран по повод 13 Ноември, заедно со здружението на пензионери од општина Бутел кои учествуваа со свој настап во хорско пеење, заигравме и народно македонско оро изјави на својот фејсбоок профил Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.
Денес претпладне заедно со Здружението на уметници ракотворци”АРТИ КРАФТ” Скопје и Националната Установа Конзерваторски центар – Скопје, го отворив саемот за домашни ракотворби и занаетчиски колаж. Во дворот на Црквата Св.Спас, од страна на љубителите и поддржувачи на развојот и чување на богатото милје на народни носии и ракотворби, беа изложени прекрасни сувенири, накит и народни носии со рачен вез.
Покровител на есенскиот базар е градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Ова е прв есенски базар во општина Бутел по повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември.