Лекар од Клиниката за токсикологија синоќа добил два убода од нож

Лекар од Клиниката за токсикологоја синоќа бил прободен со нож пред неговиот дом во скопската населба Чаир.

Лекарот добил две убодни рани, една во стомакот и една во пределот на половината, ноќва веднаш бил опериран и е надвор од живпотна опасност.

Заасега полицијата не дава информации за идентитетот на ранетиот лекар.

Нападот се случил пред влезот на домот на лекарот, кој тргнал на дежурство. Напаѓачот е во бегство и не се знае неговиот идентитет.

Повеќе детали за овој случај се очекуваат во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави