Со полуфиналните мечеви кои ќе се одржат попладнево, во Скопје, ќе започне 47-то издание на меѓународниот боксерски турнир „Златниот Гонг“.
Со полуфиналните мечеви кои ќе се одржат попладнево, во Скопје, ќе започне 47-то издание на меѓународниот боксерски турнир „Златниот Гонг“.
На годинашното издание на „Златниот Гонг“ ќе учествуваат над 40 боксери од седум држави.
Покрај македонските, љубителите на овој спорт кои ќе бидат присутни во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ќе може да ги видат и најдобрите боксери од регионот: Хрватска, Бугарија, Косово, Босан и Херцеговина, Романија и Албанија.
Македонија ќе биде претставена од седуммина боксери и тоа: Алмир Нуришов, Денис Муаремовски, Јасин Лама, Артан Алиу, Лулзим Имслаили и Алим Насуфи.
Програмата започнува попладнево од 16 часот со полуфиналните борби, додека утре (сабота) од 11 часот се финални борби, а доделување на награди и признанија од 14 часот.