Најдобрите осум млади тенисери на светот во Милано утре го почнуваат турнирот на кој ќе се применуваат новите правила.
Светската тениска организација одлучи на овој турнир да го примени правилото сетот да се добие со четири наместо со досегашните шест гема. Мечот ќе се игра во три, а не како досега во два добиени сета.
По сервис при допир на мрежа играта ќе продолжи. Ќе биде тестиран и бројачот на време, односно 25 секунди меѓу два сервиса.
На играчите ќе им биде дозволен само по еден медицински тајм-аут, а ќе биде дозволено да комуницираат со тренерите и за време на натпреварот во одредени моменти.
Времето за загревање ќе биде скратено.
Најголемата новина е технологија во живо „Hawk Eye“, која ќе ги замени линиските судии.
Во Милано ќе учествуваат Данил Медведев, Хјун Чонг, Андреј Рубљов, Карен Хачанов, Денис Шаповалов, Џаред Доналдсон и Борна Чориќ и Џанлуиџи Квинзи.