Во Општина Чаир, избирачкото место 2901 денеска повторно се гласа за градоначалник. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори.
По вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври, политичките партии поднесоа 16 тужби, Управниот суд отфрли 15 од нив, и ја прифати тужбата за ова избирачко место каде што се запишани вкупно се запишани 719 избирачи.
Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, од кои 66 гласа на избирачкото место 2901.