Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров се сретна со министерот за европски прашања на Црна Гора Александар Пејовиќ на маргините на регионалната Конференција “Градење капацитети и регионална соработка во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан”, која деновиве се одржува во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Фокусот на дискусиите беше ставен врз европската перспектива на двете држави и потребата од заеднички ангажман на патот кон ЕУ. Соговорниците беа согласни дека регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива и притоа изразија подготвеност за забрзување на реформските процеси и заемна поддршка во таа насока. Притоа беше изразена подготвеност за споделување на научените лекции и експертиза. Беше констатирано дека позитивниот пристап при размената на искуства, како и реформската ориентираност ќе придонесе кон натамошно динамизирање на интегративните процеси.