13 инспектирани локали се уште работат

Локалите во кои што во сабота имаше контрола за исправноста во работењето, и три дена по полициската акција се уште работат.

Тв21 ги снимаше локали, каде што во сабота навечер се споредуваше полициска акција за проверка на исправноста во работа кои и денеска работеа како и секој друг обичен ден.

Иако сопствениците не сакаа да зборуваат пред камера, тие велат дека нема да ги затвораат нивните локали додека не ги добијат решенијата за преземените мерки од Управата за Јавни приходи, од Државниот пазарен инспекторат и од Државен инспекторат за труд.

Од МВР велат дека ова акција е само почеток. Министерството за внатрешни работи во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период. Нема да биде толерирано никакво непочитување на законите и дека нема да се направи компромис со тие што не го почитуваат законот вели заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу

„Направивме контрола во Град Скопје, но ќе продолжиме и во другите градови. Нема компромис, нула толеранција за сите тие, кои се организатори или подржувачи на криминални дела“, истакна Нухиу.

Во МВР претходно дошле до сознанија дека во голем број локали не се почитуваат законите за работно време, точење алкохол на млади под 18 години, и не се издаваат фискални сметки. Освен ова, полицајците затекнале малолетници, таму каде што ни родителите не би требало да ги пуштат.

Од 24 угостителски локали и ноќните клубови каде што во сабота полицијата заедно со инспектори од УЈП и од  трудовата инспекција спроведуваше контрола, за 5 од нив се очекува да добијат забрана за работење од 15 дена а за останатите до 30 дена.

Од УЈП велат дека понатамошните постапки нема да се објават, за тоа кој локал за што е казнет и колкава ќе биде паричната казна. Иако дел од нив не беа затворени во понеделник, од УЈП велат дека сопствениците мораат да ги почитуваат одредените мерки за затворање на локалите од денот на добивање на решенијата за повремена забрана за работа.

https://www.youtube.com/watch?v=H0Zv-TTgOhM

 

Треба да знаете
Последни објави