БИЛ ГЕЈТС ДОНИРАШЕ 50 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕР

Бил Гејтс објави дека донира 50 милиони долари за борба против Алцхајмерова болест.

Американскиот милијардер изјави дека оваа донација на Фондот за истражување на деменција е лична, а не од неговата добротворна фондација.

Станува збор за приватен фонд од Лондон, поддржан од владата, добротворни организации и од фармацевтски компании, кој бара нови третмани за прогресивни неповратни невролошки заболувања.

„Мажи од моето семејство имаат боледувано од Алцхајмер. Имам големи надежи дека со тек време, ќе се овозможи оваа болест хронично да може да се третира со лекови. Првите третмани, можеби, нема да им бидат достапни на сите во првите десет и повеќе години, зашто во почеток би биле многу скапи. Мојата фондација ќе се обиде да ги прошири во посиромашни земји, откако тие ќе бидат развиени“, кажа Гејтс.

Треба да знаете
Последни објави