Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.
Во главниот град на БиХ, Сараево вечерва падна снег, а метеоролозите прогласија „жолт“ метеро аларм и предупредија на нови снежни врнежи во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата.
Вечерва во Сараево е измерена температура од два степени Целзиусови, а за ноќва е најавено спуштање на живата во термометрите и под нулата.
Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.
Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија в среда и в четврток времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд кои на места се очекува да надминат 60 л/м 2, соопшти УХМР.
Локално, особено на југ ќе има услови за појава на локален дожд и грмежи.
И в петок ќе има врнежи и грмежи но со умерен интензитет кои во текот на денот ќе престануваат.