Двајца педофили грабнале девојче (12) среде бел ден во рускиот град Екатеринбург и дури 9 часа се изживувале над неа.
Тие на девојчето преку глава му ставиле кеса, а потоа го пикнале во автомобил.
Како што девојчето потоа објаснило во полиција, двајца мажи ја пикнале во голема вреќа, па во сребрен автомобил ја однеле во непознат правец. По кратко возење, детето го однеле во еден стан, каде повеќе пати го силувале пред камери. На крајот од изживувањето го принудиле девојчето пред себе да држи хартија со интернет адреса на сајт за детска порнографија и така ја фотографирале.
Малтретирањето траело дури 9 часа, по што девојчето го однеле во бања и внимателно го избањале со надеж дека ќе ги исчистат своите траги од неа. На крајот повторно ја пикнале во вреќа, па со автомобилот ја исфрлиле покрај патот на околу 15 километри од местото каде ја грабнале.
На девојчето му требале 3 часа за да излезе од вреќата откако ја фрлиле на патот.
Во полиција рекла дека еден од нејзините напаѓачи имал околу 50 години и носел панталони од животинска кожа.
-Според описот на девојчето, направне е фоторобот на еден од напаѓачите, рече портпаролот на полицијата Валери Горелик.
Околу 200 полицајци се испретени во обиколка на станбените блокови во тоа подрачје во непрекината потрага со цел да се разоткријат сторителите на злосторството.
Околу 50 детективи од градската полиција се упатени на помош на окружната полиција.
Мајката на едно девојче кое живее во тој град рече:
-Во мојот округ постои страв и паника. Не и дозволувам на мојата 13-годишна ќерка да оди сама во училиште.