Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Б.Н.(23) од тетовското село Гајре поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 14 јуни околу 23.20 часот, во Тетово, на улица “Киро Ристоски Дрнц“, од страна на полициски службеници, бил забележан пријавениот со непознато лице, како под балконот од зграда извлекува најлонска кеса. По пристапувањето на полициските службеници непознатото лице избегало, додека пријавениот бил затекнат со 601,6 грама марихуана, што имал намера да ја продаде.