Поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачевски откако се врати на својата професија беше прераспределен на позиција раководител на Оддел за аритмии, која е пониска од неговата претходна – шеф на одделот за интервентна кардилологија.
Сепак тој во изјава вели дека нема предрасуди да извршува професионални обврски на која било позиција во институцијата.
-Јас знам каде е моето место, каде би бил најкорисен, најкомпетентен и од најголема помош за институцијата и пациентите. Други не мислат така, и тоа е нивно право. Но ќе повторам – тоа нема да го коментирам, изјави Бакрачевски.