Шест луѓе загинаа, а само едно четиригодишно девојче преживеа во авионска несреќа на рускиот Далечен Исток, соопштија властите. Администрацијата во регионот Хабаровск Крај информираат дека во денешниот инциденти загинале двајцата пилоти и четворицата патници, а само девојчето преживеало.
Несреќата се случила во близина на селото Нелкан, на околу 1000 километри од регионалниот главен град Хабаровск.
Авионот од чешко производство Л-410 Турболет бил во сопственост на регионалната авиокомпанија.