Џо Коен е млад директор на компанија во Калифорнија. Досегашните напори да пронајде девојка не биле успешни па одлучил да проба малку поразличен начин. Дали парите ќе му донесат среќа во животот.
Тој е директор на компанијата „SelfHacked“, која има база во Калифорнија, а сега бара девојка. На оној кој ќе го запознае со девојка со која ќе биде најмалку четири месеци му нуди 10.000 долари, а 2.00о долари на оној што ќе го запознае со тој кој ќе го поврзе со девојката. Се надева дека така ќе најде девојка која нема да сака само пари.
30 годишникот направил блог на кој се опишал себеси, но и наведе карактеристики кои девојката мора да ги има. Девојката не смее да биде невротична и мора да биде совесна. Мора да биде интелигентна и би сакал да биде Еврејка. Ако не живее во Калифорнија, ќе мора да сака да се пресели таму. Џо ќе и плати пат и смештај додека се запознаваат. Девојката не смее да има деца и мора да биде стара меѓу 20 и 30 години.
Самосвесна, забавна девојка која не е материлст би била идеална. Коен за себе вели дека е интелигентен, драг, автентичен, позивитен и чесен. Во слободно време се занимава со планинарење, тенис, патување, запознавање интересни луѓе. Неговото потекло е 99,8 проценти европско.
-Во мојата околина повеќето од луѓето се запознаваат во социјалните кругови, училиштата и на работа. Мојот проблем е што моите социјални кругови во Калифорнија се ограничени, не сум на училиште и не сакам да одам со девојките од работа. На жените им приоѓав во кафулињата, но тоа не ме доведе до сериозна врска. Набавив нова облека, вежбам, набавив нов намештај и гаџети за мојата соба да изгледа кул. Набавив и нов Мерцедес. Но почнав да привлекувам погрешен тип на жени.
После тоа одлучил да проба да пронајде девојка на друг начин. Досега неговата понуда ја виделе повеќе илјади луѓе и добил 400 поради, пишува „Oddity Central“.