Земји во кои е забрането фотографирање

Ако одлучите да патувате во некоја од овие земји и да фотографирате одредени места, може да добиете висока парична казна, па дури и да завршите во затвор. На некои места може да поминете „само“ со скршен фотоапарат или некоја навреда, но внимавајте на земјите каде ова е регулирано со закон.

Холандија

Во Амстердам, Холандија е забрането да се фотографира Областа на црвените светла каде се наоѓаат борделите по кои е познат овој град. Сопствениците презираат фотографирање на објектите, уште повеќе на проститутките, па ако бидете фатени како фоткате, бидете подготвени дека ќе ви го скршат телефонот или фотоапаратот.

Северна Кореја

Во оваа изолирана земја се забранети многу работи, вклучувајќи фотографирање буквално на сѐ. Ако некогаш ја посетите оваа земја задолжително движете се со водич и не ризикувајте да фотографирате бидејќи може да завршите во затвор.

Јужна Кореја

Во овој дел од Корејскиот Полуостров се малку полабави со забраните, но сепак не смеете да фотографирате жени во каков било јавен простор без нивна согласност. Кршењето на ова правило ќе се протолкува како знак на агресивно однесување и може да ве чини казна и до 7.000 евра, а во најлош случај затвор до 5 години.

САД

Во „земјата на слободните“ нема да поминете толку лошо како во Кореја, но сепак не фотографирајте приватен имот без согласност од сопственикот и почитувајте ги знаците каде е нагласено дека е забрането фотографирање.

Обединети Арапски Емирати

Фоткањето на одредени локации може да ви донесе казна затвор до три месеци или парична казна од 1.500 евра. На многу локација е забрането да се снима и фотографира, а нека не ви паѓа на памет да ги фотографирате владините згради, мостовите или палатата на шеикот. Забраната за фотографирање на палатата е пропишана со закон.

Англија

Можете да фотографирате што сакате, само да не ги користите фотките во комерцијални цели. За тоа мора да добиете посебна дозвола. На пример, за фотографирање на Трафалгар сквер или Парламентот за комерцијални цели мора да добиете специјална дозвола од градоначалникот.

Јапонија

Во Земјата на изгрејсонцето е забрането да се фотографираат одредени храмови и статуи на Буда. Во некои храмови забраната важи во текот на целата година, а некаде е само повремена. Затоа внимателно читајте ги натписите.

Алжир

Во оваа прилично конзервативна земја, особено во јужниот дел, смеете да фотографирате јавен простор само со дозвола. Особено се строги за фотографирањето жени. Мора прво да добиете дозвола од сопругот или таткото. Исто така, најстрого е забрането фотографирање мостови и воени објекти.

Треба да знаете
Последни објави