Ден Дончев во интервју на ТВ Телма истакна дека оваа година до Фондот за здравство се пристигнати околу 270 барања за лекување во странство, од кои 210 се одобрени.
– Граѓаните имаат изгубено доверба и во условите во кои се вршат одредени тешки и сложени хируршки интервенции, што јас го разбирам. Колку се инвестира во здравството, толку здравството ви враќа. Сумата која ќе се одвои за лекување во странство ќе биде меѓу 7 и 10 милиони евра оваа година. – рече Дончев.