Меѓународна конференција „Корисникот и библиотеката – минато и иднина“ денеска и утре ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.
Организатори на конференцијата се Библиотекарското здружение на Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Македонските е-библиотеки.
Најавено е конференцијата да ја отвори заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а ќе се обратат и Сенка Наумовска, директорка на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Благој Николов, претседател на Библиотекарското здружение на Македонија.