Во моментов, околу 250 деца во земјата, од кои 70 се на возраст под 3 години, го немаат правото да живеат во семејна средина.
Конференцијата „На секое дете му треба семејство“ што ќе се одржи утре (16 ноември), под водство на Министерството за труд и социјална политика, Владата ќе даде заложба до 2020 година да се стави крај на сместувањето деца под 3-годишна возраст во големи институции.
Во моментов, околу 250 деца во земјата, од кои 70 се на возраст под 3 години, го немаат правото да живеат во семејна средина.
Конференцијата „На секое дете му треба семејство“ ја организира Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ, и на неа ќе има околу 300 учесници кои ќе разговараат околу начините за забрзување на реформата со која треба да се стави крај на непотребното згрижување деца во големи институции.