Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која утринава се случи на крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ и „8 Септември“ пред ТЦ Лептокапија.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Рено“ и „Шкода“, а според првичните информации повредени се три лица кои се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, но засега нема подетални информации за нивната здравствена состојба.
Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.