Најмалку 60 ученици од средно училиште во албанската област Голо Брдо се затруле со јаглероден диоксид.
Триесет и шест од нив се хоспитазрани во болниците во Пешкопеја и Булќиза, а тројца, кои биле во потешка здравствена состојба, се транспортирани во клиниката во Тирана.
Труењето било предизвикано од поставувањето нов котел од системот за парно греење на пелети, по што блокираниот оџак ги наполнил училниците со јаглероден диоксид.
Учениците биле на возраст од 16 до 18 години и имале симптоми на труење од чад, како што се болки во главата, повраќање и вртоглавица.
Властите велат дека претходно, без присуство на ученици, било извршено тестирање на новиот систем, па оттука труењето го опишаа како несреќен случај.