Централното градко подраче на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток.
Од „БЕГ“ информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да добијат парно.
– Според проценката се очекува во најбрз рок, за два часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија околу пладне ке се стабилизира – велат од „БЕГ“.
Центарот за грижа на потрошувачи на БЕГ тел: (02) 3076-200