Јавно сообраќајно претпријатие, Улици и патишта и ЈП „Водовод и канализација“ неофицијално добија нови директори.
Претседателот на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, Душко Весковски, кој по локалните избори стана претседател на Советот на општината, ќе биде нов директор на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација.
Исто така, нов директор ќе добие и Јавното сообраќајно претпријатие, каде според нашите извори, на чело ќе застане Кристијан Чучков, кој беше дел и од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
На директорското место во Улици и патишта денес се очекува да седне Сенад Смаиловиќ кој доаѓа од општинската во Бутел и организационен секретар на СДММ