Потребна е поефикасна наплата на даноците, особено е нужно подобрување кај прибирањето на Данокот на додадена вредност (ДДВ), рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Изјавата е ден откако и Светска банка даде препорака да се зголемат даночните приходи во буџетот преку зголемување на ефикасноста во наплатата. Македонија воспоредба со другите земји од регионот, во последните години имала послаба наплата.
Тевдовски вели дека се работи на шосериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од страна на Управата за јавни приходи и на подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците, сите во фукција да се намали избегнувањето на плаќањето. Вели дека граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците.
„Граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците. Без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието, здравството. Факт е дека Македонија изминатите години имаше една од послабите наплати на даноците во споредба со останатите земји во регионот“, рече Теводвски.
Тврди дека се прават напори тоа да се промени.
„УЈП реализира голем проект со Холандија за надградба на софтвер, но ова е практично и политичка волја да притиснеме и даноците да се собираат како што треба. Сепак наплатата на даноците во октомври е на многу задоволително ниво во однос на претходниот период“, рече министерот.
Веќе објавивме дека подготвени се и измени на законот за персонален данок на доход со кој се става ред во наплатата на овој данок, па клучните промени се однесуваат на тоа кој ќе го уплаќа данокот особено кај земјоделците. Сега, самиот откупувач, а не земјоделецецот како порано мора на секој откуп да уплати данок. Со тоа УЈП ќе има погоелм увид и сама ќе ги пополнува годишните даночни пријави за граѓаните.