Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.Р.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 28.09.2017 година, околу 18:30 часот пријавената, вработена како хигиеничарка додека ја чистела канцеларијата на оштетената, од торба, којашто била во плакарот, одзела околу 5.000 евра.