Со граѓански потписи се бара запирање на присилната наплата што ја применуваат извршителите.
Сидикалци и невладини организации тврдат дека има потреба од ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, враќање на работата на извршителите во судовите, како и утврдување на реален и нереален долг.
Потписите за Иницијативата ги собираат Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“.
Изјавуваат дека над 200 илјади луѓе се заробени со извршни одлуки од кои десетици илјади се се уште блокирани и не можат да се одблокираат.