Владата вчера ја усвои предлог-одлуката за дополнување на одлуката за формирање работна група за примената на планот за спроведување на препораките на Прибе за следењето на комуникациите.
Оваа одлука е донесена откако е увидена потребата во работната група да бидат вклучени и претставници од Специјалното јавно обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.