Сообраќајот на магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица кај клучка „Воиславци“ од утрово од 4:40 часот се пренасочува поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.
Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2018 година.
Од Автомото Сојузот на Македонија информираат и дека од 15-ти овој месец, со 1 април догодина се затвора за сите видови сообраќај регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.