Во Зајас денеска беа погребани посмртните останки на Албанци што биле убиени во масакри во периодот од 1913 година па сé до Втората светска војна.
Иницијатор на настанот беше претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, по барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век.
Пред присутните Ахмети побара солидарност од Македонците бидејќи, како што рече, и врз нив имало злосторства. Тој додаде дека нема да се бара отштета за жртвите, но ќе се бара осуда од Парламентот за, како што вели, геноцидот врз Албанците.
Пред присутните во Зајас се обрати и вицепремиерот Хазби Лика, кој повика да не се повторат вакви злосторства.
Министерот за дијаспора на Владата на Албанија Пандели Мајко рече дека овие луѓе биле убивани само затоа што зборувале албански, и ѝ се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.