Нападнат и прободен со нож на Кејот на Вардар 22 годишниот Д.М.
На 19.11.2017 година околу 16,30 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен Д.М.(22) од с.Трубарево, кој се здобил со убодна рана од остар предмет на левата страна од градниот кош. Имено, Д.М. на ул.“Кеј 13-ти Ноември“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, а едното од нив употребило нож, со кој го прободел Д.М.. Од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.