Ограбен Турски државјанин во Скопје

Ограбен Турски државјанин во Скопје од непознат сторител.

На 18.11.2017 год во 21.20 лицето О.Ј. (40) од Турција пријавил дека на 17.11.2017 година околу 11.30 часот на бул. „Крсте Мисирков“ бил ограбен од непознат сторител. О.Ј. стоел пред аптека, а сторителот искористил момент на невнимание и од неговата чанта одзел паричник во кој имало 220 евра , 500 турски лири и повеќе лични документи, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави