На 18 ноември околу 19 часот во тетовското село Пирок од слобода бил лишен 44-годишниот В.Т. (44) од Гостивар.
Тој со автомобил шкода октавија, со гостиварски регистарски ознаки, во алкохолизирана состојба, излетал од коловозот и удрил во метален столб од електрично осветлување.
Истиот ден возилото било пријавено за одземено на ул. „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар.
По целосно документирање и расчистување на случајот, против В.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.