БИЈОНСЕ Е НАЈПЛАТЕНАТА ПЕЈАЧКА НА СВЕТОТ, ОД ТУРНЕЈАТА ЗАРАБОТИЛА 105 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Магазинот „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплатената жена во музичкиот бизнис.

Тој објави дека американската поп-дива заработила 105 милиони долари во периодот од јуни 2016 до јуни годинава. Нејзината заработка особено се должи на минатогодишната успешна светска турнеја, што, според „Форбс“, донела приход од 250 милиони долари.

И второпласираната на листата, Адел, исто така, може да се пофали со успешна серија концерти. Таа од првата голема турнеја во последните шест години инкасирала 69 милиони долари.

Во првата петорка на најуспешните пејачки се Тејлор Свифт, која лани беше на врвот, Селин Дион и Џенифер Лопез.

Кантри-легендата Доли Партон изненадувачки се најде на шестото место. Иако 71-годишна, таа за овие 12 месеци одржала 63 концерти, заработувајќи 37 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави