Меѓу 30 и 35 лица се повредени, меѓу кои и седум пожарникари, во две експлозии кои одекнаа во фабриката за козметика „Верла Интернешнл“, северно од Њујорк.
Првата експлозија се случила околу 10,15 часот по локално време, а втората експлозија одекнала околу 30 минути подоцна, додека во фабриката се наоѓале пожарникари, кои го гаснеле огнот.
Двајца пожарникари се префрлени вo болница со изгореници на телото, а останатите се здобиле со полесни повреди кои не се опасни по живот.
Пожарникарите се уште се обидуваат да го изгаснат пожарот, а на теренот се и припадници на специјални екипи за опасни материи.
Засега се уште не се знае причината за пожарот.
Фабриката за козметика се наоѓа на околу 88 километри северно од Њујорк, а се занимава со производство на ацетон, парфеми, лосиони и други производи.