Маж од Москва се опил толку многу, што паднал од деветти кат, но после инцидентот продолжил да пие и заборавил дека во меѓувреме викнал полиција.
Русинот испил толку многу алкохол што се сплеткал додека пушел цигара и паднал ни прозорецот од неговиот стан на 9. кат.
Паднал на бетон, но поминал само со гребаници бидејќи претходно се истркалал на настрешница. Потоа викнал полиција и се вратил во станот каде продолжил да пие.
Кога полицајците се појавиле на неговата влезна врата, тој веќе имал заборавено што се случило.
Бил одведен во болница како мерка на претпазливост, објави „Руски весник“.
Според податоците на светските организации, алкохолизмот е причина за 3,3 милиони смртни случаи годишно.
Алкохолот е причина за повеќе од 60 различни видови болести што оставаат значителни последици на оние кои пијат, но и на нивните блиски.
Русите традиционално спаѓаат во групата најголеми „пијачи“, а неретко се и на врвот на листата, и покрај непрекинатите државни кампањи за намалување на пиењето алкохолни пијалоци.