Два проценти од жителите на Скопје го селектираат отпадот целосно, а 29 отсто го селектираат делумно, покажува истражувањето на НВО Гоу Грин, што денеска беше презентирано на јавната дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“ по повод Европската недела за помалку отпад.
Од испитаниците во истражувањето, што е спроведено во руралниот и урбаниот дел на Скопје, од анкетирани 300 семејства 46 отсто сметале дека немаат услови за селектирање, 80 проценти се сооочуваат дека има недостаток на контејнери за отпад. Во однос на еколошката свест околу 80 проценти од жителите на Скопје се незадоволни од еколошката свест на своите сограѓани. Една половина скопјани сметаат дека граѓаните се најмногу одговорни за заштита на животната средина, потоа централната власт со 28 отсто и локалната со 11 проценти.
Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека Владата е подготвена со сопствен пример да почне со третирање на отпадот според евроските стандарди.
-Мотото на годинешново одбележување е повторно користење и намалување. Влегуваме во нова пресвртница во Македонија, во која селектирањето на отпадот ќе биде онака како што е правилно и пропишано по ЕУ стандардите. Се разбира дека промената на навиките треба да дојдат од секој од нас. Владата е подготвена да го демонстрира преку сопствениот пример и ќе почне масовно третирање на отпадот како што е пропишано, од аспект да го редуцира и повторно да се користи, истакна заменик министерот Макредули.
Вети дека Владата на Македонија ќе ги поддржи компаниите кои го рециклираат отпадот и дека со тоа ќе се придонесе за, како што рече, она што е најгорлив проблем, а тоа е аерозагадувањето.
Амбасадорот Кристијан Тимоние нагласи дека рециклирањето е значајно за Македонија и дека оваа проблематика ќе се решава во соработка со француски општани, од кои може да се искористи искуството. Целта е, рече амбасадорот, со правилното третирање на отпадот Скопје да се крене на ниво на најмодерните европски градови во оваа област. Според него власта во Македонија сериозно е вклучена во реализирање на третирањето на отпадпот и заштитата на животната средина и дека тоа, меѓу другото, се гледа и со ратификувањето на парискиот договор за климата.
Во одбележување на „Евроската недела за помалку отпад“ се приклучи и компанијата „Суниленс“ со еко акција за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење. Тие доставуваат три литарски пластични садови за собирање отпадни масла до домовите на граѓаните и кога ќе биде наполнет садот доаѓаат да го испразнат при што подаруваат половина литар Дијамант сончогледово масло