Со паркирање на тротоар се загрозува безбедноста на пешаците, пред сè, на најранливите групи како ученици, лица со посебни потреби, мајки со деца во количка, велосипедисти и повозрасни граѓани, стои во петицијата „Стоп за паркирање на тротоари“ на иницијативата Мегафон.
„Ослободете ги тротоарите за пешаците!“- се наведува во петицијата.
Оваа петиција досега ја потпишале над 1480 граѓани. Иницијативата ги повикува МВР и општинските власти да излезат од канцелариите и да се справат со овој проблем.