Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола. Денеска се очекува да бидат изведени доказите.
Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс Мет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“ на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот, Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Обвинителот Артан Ајро, им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот.
Судијката Лидија Трајковска Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 терминиза судење во декември.