Граѓаните на Општина Аеродром од денеска ќе може да поднесуваат и да подигнуваат изводи од матичната евиденција во услужната канцеларија што ќе биде отворена во просториите на Општината.
Со отворањето на канцеларијата, директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски и градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин, ќе ја реализираaт и практично соработката помеѓу Управата и Општината.
Општина Аеродом е прва Општина која го реализира овој проект, со кој на граѓаните им се заштедуваат време и пари, а ќе се избегнат и турканици пред шалтерите за добивање на документ од матичната евиденција.
Со отварањето на оваа канцеларија се реализира интенцијата институциите да им се доближат на граѓаните до нивните домови или работни места. Од друга страна во Управаат за водење на матичните книги се намалува пристисокот во Подрачно одделение Скопје кое е најголемо матично подрачје во Македонија.