Поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и на ова рочиште не дојде во Кривичниот суд каде што треба да одговара за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.
Тој преку своите бранители достави медицинска документација дека има отворено боледување и е спречен да дојде на судењето.
Тројца адвокати ги изнесуваа образложенијата зошто Поповски бара одложување. Обвинителката Фатиме Фетаи пак побара независно вешто лице да изврши увид во медицинската документација и да даде непристрасно мислење за способноста на Поповски да присуствува на рочиштата.
Поповски е обвинет за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила. Во овој предмет според одлуката на апелацискиот суд прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.
Во Судот денеска треба да се одржи рочиште и за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан.