Апелацискиот суд Скопје одлучи двете бомби, од кои една јавно објавена, да бидат доказ во предметот „Титаник 2“ во кој обвинети се Мендух Тачи и Сашо Мијалков, поранечните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, за актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте управни судии: Билјана Никодиновска Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Аранѓелова, Газмент Фејзули и Анета Џигерова.
Апелациските судии по вчерашната седница на која специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски беа сами, без присуство на одбраната, донесоа одлука да ги прифатат прислушуваните разговори како доказ во оваа постапка.
На прес-конференцијата на која Специјалното јавно обвинителство ја објави информацијата за отворената истражна постапка, обвинителката Фетаи рече дека предметот за „Титаник 2“ е втор по важност предмет после прислушкувањето каде е нападнат целокупниот уставен и правен поредок и особено најважните човекови права.
Станува збор за две снимки од разговори, од кои во едниот, кој се водел меѓу поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, и Мендух Тачи, се слуша како тие се договараат за гласање по однос на приговори на изборите во ДИК.
Одбраната на обвинетите и обвинетите Мијалков, Тачи, како и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, сегашниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петтемина судии од Управниот суд, не дојдоа на вчерашната јавна седница.