ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА СООПШТИ ПРЕСУДАТА ЗА РАТКО МЛАДИЌ
Хашкиот трибунал денеска ќе му изрече пресуда на поранешниот воен командант на босанските срби генерал Ратко Младиќ. 73 годишниот Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон на Муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина, терор врз населението на Сараево со долгогодишното гранатирање и земање припадници на УНПРОФОР за заложници. Судењето на Младиќ почна во мај 2012 година откако тој кон крајот на мај 2011, по 16 години бекство беше уапсен во Србија и израчан на Хаг. Во завршниот говор во декември лани обвинителите побараа Младиќ да биде прогласен за виновен и да добие доживотен затвор. Во првото појавување пред Трибуналот Младиќ одби да се изјасни за вината, а судијата во согласност со правилата, во записникот внесе дека обвинетиот не се чувствува виновен.