Тренерот на Севиља на полувреме на фудбалерите им признал дека има – рак!

Шпанскиот тим Севиља синоќа одигра меч за паметење против Ливерпул во кој се избори за реми по 0-3 во првото полувреме и остана во игра за првото место во групата во Лигата на шампионите, но фудбалерите беа потресени од тажна вест поврзана со нивниот тренер Едуардо Беризо, кој на полувреме им призна дека има – рак.

Стратегот се бори со канцер на простатата, што делуваше шокантно за неговите избраниците, кои во вторите 45 минути буквално летаа на теренот, гинејќи во негова чест со што направија еден од најголемите враќања во историјата на ЛШ.

Беризо веќе од денеска почнува терапија во борба со ракот, а буквално сите во шпанскиот фудбал се молат за неговото здравје по неочекуваната вест која беше официјализирана синоќа.

 

Треба да знаете
Последни објави