Специјалното јавно обвинителство ја доби првата правосилна пресуда за уништување на трагите од прислушувањето.
Имено, еден обвинет кој побарал да остане анонимен признал вина.
Се работи за случајот „Таргет-тврдина“ во кој обвинетиот добил условна казна.
Како што информираат од СЈО, еден од обвинетите за нелегално прислушување ја признал вината, по што постапката за него била раздвоена и посебно му се судело. На 17 ноември била донесена и пресуда.
Лицето било одговорно за бришење на логови од системите за прислушување.
СЈО во овој предмт ги товари и Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои моментално се наоѓаат во притвор во соседна Грција, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и уште осум лица.