Градоначалникот Смилевски ги повика сите граѓани, сите општествено одговорни фирми да се приклучат во големото чистење на Скопје.
Ги повикувам сите граѓани и одговорни компаниина од територијата на општина Бутел, да ни се приклучат и да помогнат во акција која ја организира град Скопје “ЗА ЧИСТО СКОПЈЕ” а ќе започне од утре (четврток) од општина Бутел.
Со сите НАШИ ресурси, заедно со градските јавни претпријатија и ангажираните невработени лица, кои Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ги ангажира, ќе се исчистат сите запуштени делови од нашата општина.
Заeдно до чиста и здрава животна средина!
Напиша на својот фејсбоок профил градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски