На првата седница за пратенички прашања упатени кон новата Влада, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, постави низа од прашања до претседателот на Владата Зоран Заев.
Димовски се посвети на Законот за јазици, кој го нарече дискриминтароски за другите заедници кои живеат во Македонија, освен албанската.
„Од каде доаѓа одлуката да ставите европско знаме на Законот за јазици, кој нема врска со тоа, а притоа Хан вели дека нема никаква врска со евроатланските интеграции на земјава? Во изборната кампања на СДСМ, имавте неколку клучни ветувања. Едно од тие е ветувањето дека СДСМ ќе враќа 15 посто од ДДВ кон граѓаните. Јавноста се прашува, најчесто на социјални медиуми, зошто нема предвидено ниту еден денар во новиот буџет. Дали стоите се уште зад ова изборно ветување? Третото прашање, за кое верувам дека сте свесен, а е поврзано со нормалните и промашените кадровски решенија“, праша Димовски.
За претседателот на Владата, Зоран Заев, во врска со одлуката за јазиците, правата на граѓаните се дел од европските вредности, а пак комесарот Хан според него, немаше никаква забелешка на Законот за јазици со знакче на Европската Унија.
„Ние треба да дадеме важност на вредности, во склоп на сите вредности. Јас сум убеден дека кохезијата и правата на граѓаните се важна работа, бидејќи ако немаме разбирање за нашите различности, тешко ќе ги спроведиме клучните реформи. Се повикуваме на европската конвенција. Ова е еден од законите кој најмногу се коментира во Македонија. Ова е трет пат, како се говори за унапредување на јазиците. Јас апсолутно стојам зад ставовите на Владата. Сакаме да овозможиме права на граѓаните согласно уставот. Апсолутно сум свесен дека треба да одиме напред од предрасудите. Верувам дека ако се растеретиме како општество, ќе можеме да се посветиме на се друго. Јас верувам дека никој во Владата нема ништо против еднаквоста на правата и за другите заедници“, рече Заев.
Во врска со ветувањето за враќање на 15% на ДДВ кон граѓаните, тоа е дел од владината програма, рече Заев, кој дополни дека според сите податоци од државните институции, граѓаните си плаќаат ДДВ каде што трошат. Премиерот Заев, рече дека повратокот на ДДВ треба да биде според процедурите, а ќе биде имплементиран во 2019 година.
„Ако системот е подготвен, јас сакам во 2019 година, овој систем да биде воведен. Убеден сум дека граѓаните ќе бараат фискална сметка насекаде, а со тоа, нема да имаме даночна евазија. Со овој ДДВ се ствара енормно богатење на поединци, на сметка на обичните граѓани. Знам дека со ова решение, со 50% од дополнителната наплата ќе се врати кон граѓаните. Ќе има и богатење на буџетот, и враќање на парите кон граѓаните. Кога плаќаме одредена сметка, 1000 денари е нето прошокот, а дополнително се плаќа 185 денари. Нашето ветување е дека 15% од 185 денари се враќаат кај граѓаните. Единствена давачка која е зголемена е акцизата за нафта за 3 денари, кои се насочени кон отплаќање на долгови. Владата исплати повеќе од 120 илјади евра долгови, за згради, музеи, споменици кои се апсолутна глупост. Вкупно доспеани долгови кои не се правени од „Скопје 2014“ се преку 130 милиони евра, а ќе доспеат и други, многу скоро. Можеме да земеме и кредити од 50 милиони евра, за да ги вратиме будалаштините на претходната влада. Оваа Влада ќе работи чесно, бидејќи немаме немара да го полниме буџетот преку давачки“, одговори премиерот Заев.
Димовски на ова дополни дека додека се намалуваат едни давачки на граѓаните, се зголемуваат акцизите на други давачки. Според него, најдобро е да не се зголемуваат давачките, а тоа е поради различните концепти на партиите. До ден денеска не можам да ги најдам договорите, анексите од парите кои се трошени на нечесен начин.
Илија Димовски побара премиерот Заев да наведе пет кадровски грешки кои ги има направено, а го запраша и дали е спремен во следната неделеа тие да ги поправи. На тоа Заев одговори дека тоа се кадровските грешки оставени од претходната влада.
„Ако треба да набројам пет кадровски грешки, тоа се началниците и командирите кои не се сменети. Ако досега имало причини досега некој да биде сменет, ќе бил сменет. За тоа зборувам јавно, што е реткост во Македонија. Новите директори и министри прв пат официјално почнаа да работат после локалните избори, бидејќи пред нив, тие плаќаа долгови кои беа енормни а оставени од претходната влада“, рече Заев