Познати 16 екипи од Лига Европа кои обезбедија пласман во нок аут фазата

По одигрувањето на комплетното петто коло во Лига Европа, познати се 16 екипи, кои имаат обезбедено пласман во нок аут фазата од ова натпреварување.

По одигрувањето на комплетното петто коло во Лига Европа, познати се 16 екипи, кои имаат обезбедено пласман во нок аут фазата од ова натпреварување, односно настапи и во пролетниот дел.

Тоа се екипите: Виљареал (А група), Динамо Киев, Партизан (Б група), Брага (Ц група), Милан (Д група), Атланта, Олимпик Лион (Е група), СБ (Стеауа), Викторија Плзен (Г група), Арсенал (Х група), Салцбург (И група), Остерсунд (Ј група), Лацио, Ница (К група), Зенит и Реал Сосиедад (Л група).

Од 12-те групи останати се уште осум празни места, додека другите осум до 32-та тима за 1/16 финалето ќе ги пополнат третопласираните екипи од групите од Лигата на шампионите.

Сите екипи кои ќе настапуваат во првата нок аут фаза од Лига Европа ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите од последното 6. коло кое е предвидено за 7 декември.  

 

Треба да знаете
Последни објави