Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот.
Една од најфреквентните метро станици во Лондон е евакуирана, откако беше пријавен инцидент. На местото на настанот се присутни вооружени полицајци, кои ја пребаруваат метро станицата.
Кон местото на настанот се упатени и возила на брза помош и противпожарни возила. На метро станицата каде се случил инцидентот не запираат возовите. Полицијата соопшти дека е затворена и улицата „Бонд“.
Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.
Корисник на Твитер напиша дека луѓето бегаат од станицата „Оксфорд Сркс“ и извикувале „бомба“.
Друга корисничка на Твитер, Чи Чи, напиша дека е затворена во соблекувална во продавница на „Зара“ додека „ситуацијата не биде ставена под контрола“. Таа напиша дека луѓе панично трчаат и влегуваат во продавницата.
Лондонската метро станица е „срцето“ на шопинг центарот на Лондон и е секогаш е полна со луѓе, посебно денеска, на „Црн петок“.