Во исти ден предизвикани пожари на автомобили во Куманово и Скопје.
Од полиција соопштуваат дека вчера околу 19 часот во Куманово на улица „Никшиќка“ непознато лице истурило и запалило непозната запалива течност најверојатно бензин до тротоарот, каде било паркирано патничко моторно возило „Опел Тигра“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на 72- годишниот Љ.М.
Од предизвиканиот пожар се запалил дел од патничкото моторно возило (браникот и регистарската ознака). Пожарот е изгаснат од синот на оштетената.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот дено но нешто подоцна околу 01,00 часот било пријавено дека во Скопје на улица “Борис Сарафов“ непознат сторител дошол до паркирано патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистерски ознаки сопственост на 38- годишниот Г.Т.(38) и со употреба на запаливи материи кои ги поставил на горните делови од пневматиците и со употреба на средство за палење, предизвикал пожар и го напуштил местото на настанот.
Пожарот се раширил и зафатил поголем дел од возилото. Опожарени биле и: патничко моторно возило „Шевролет матиз“ со скопски регистерски таблици сопственост на 35- годишниот Н.С, два прозора и надворешна единица од климатизер сопственост на 56- годишниот Р.Ј, надворешна единица од климатизер од продавница сопственост на П.З. и надворешни ролетни на два прозора од станот сопственост на 68 годишниот И.С.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје бил локализиран пожарот. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и при криминалистичко техничка обработка биле подигнати опожарени материјали и истите биле предадени за понатамошна постапка.
За настанот бил известен Јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.